• петок, 08 ноември 2024

Белоти ќе ја напушти Фиорентина и ќе се врати во Рома

Белоти ќе ја напушти Фиорентина и ќе се врати во Рома

Рим, 30 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Фиорентина, Андреа Белоти, позајмен од Рома, ќе се врати во римскиот клуб, објави новинарот Николо Шира.

Триесетгодишниот Италијанец нема намера да остане во Фиренца и ќе се обиде да се избори за стандардно место во Рома.

Белоти беше позајмен на Фиорентина во јануари 2024 година. За виолетовите одигра 22 натпревари на кои постигна два гола и направи асистенција.

Во поразот синоќа од Олимпијакос синоќа во финалето на Конференциската лига, Белоти одигра 59 минути по што беше заменет со Мбала Нѕола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан