• недела, 24 ноември 2024

Белоти се прости од навивачите: Торино секогаш ќе биде мојот дом

Белоти се прости од навивачите: Торино секогаш ќе биде мојот дом
Торино, 28 август 2022 (МИА) – Фудбалерот на Торино, Андреа Белоти преку социјалните мрежи се прости од навивачите на Торино. Како дел од „биковите“ 28-годишниот Италијанец помина седум години. Белоти одигра 251 настап за Торино и постигна 113 голови. Според „калчомеркато“, денеска напаѓачот ќе потпише тригодишен договор со Рома. - Почитувани навивачи на Торино и мои соиграчи. Тешко е да се опише она што го доживеавме во изминатите седум години. Бев дете кога дојдов овде и пораснав со вредностите на клубот. Се трудев на секој тренинг и на секој натпревар да ти возвратам љубов кон мене. Заедно страдавме и се радувавме, сакам да ви се заблагодарам. Знам дека моето молчење ве повреди и ве молам да ми простите за ова, но некои ситуации ме принудија на такво нешто. Сега си заминувам како маж и како татко, знаејќи дека го дадов максимумот низ годините овде. Ова не е збогум затоа што Торино секогаш ќе биде мојот дом. Ви благодарам за се, напиша Белоти. Фудбалерот постигна осум гола и даде една асистенција на 23 настапи за Торино во сите натпреварувања минатата сезона. Белоти го напушти клубот од Торино како слободен играч. зс/

Остани поврзан