• сабота, 23 ноември 2024

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир
Осло, 7 октомври 2022 (МИА) - Белорускиот активист за човекови права Алес Бјалјацки, руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи се добитници на Нобеловата награда за мир за 2022 година. Наградата им е доделена „за претставување на граѓанското општество во нивните земји и заштита на основните човекови права на нивните граѓани“. - Долги години тие го промовираат правото да ја критикуваат Владата и да ги штитат основните права на граѓаните, се наведува во образложението на Нобеловиот комитет. Исто така се посочува дека победниците „вложиле извонредни напори да ги документираат воените злосторства, кршењето на човековите права и злоупотребата на власта“ и дека тие „заедно ја покажуваат важноста на граѓанското општество за мирот и демократијата“. ми/

Остани поврзан