• среда, 27 ноември 2024

Белоруски опозиционер се самоповреди за време на судско рочиште

Белоруски опозиционер се самоповреди за време на судско рочиште
Минск, 2 јуни 2021 (МИА) - Белорускиот опозиционер Степан Латипов за време на судското рочиште се прободе со пенкало во грлото и беше пренесен во болница. Неговата здравствена состојба е добра. Латипов (41) е обвинет за креирање на опозициски социјални медиуми и пружање отпор на полицијата за време на апсењето во септември минатата година. Тој ги негираше сите обвиненија. Според белоруската група за човекови права Вјасна, Латипов се прободел откако неговиот татко сведочеше во судницата. Во соопштението на Вјасна се тврди дека Латипов му рекол на татко му дека органите на прогонот се заканувале дека ќе го казнат физички доколку не ја признае вината, како и оти ќе бидат поднесени тужби против негови роднини. Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја на Твитер напиша дека „Литипов во судница се прободе во грлото, а потоа се обиде да ги пресече вените на рацете“. И Тихановскаја тврди дека на Липтов му се заканувале дека неговото семејство ќе биде прогонувано доколку се изјасни за виновен. - Ова е резултат на државниот терор, репресија и тортура во Белорусија. Треба веднаш да го запреме ова, напиша Тихановскаја на Твитер. ми/ https://www.youtube.com/watch?v=oz59SnHupu0

Остани поврзан