Белоруската опозиција повикува на општ штрајк во земјата
- Канцеларијата на поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановска објави соопштение во кое се повикува на генерален штрајк, како начин да се издејствува оставката на п
Минск, 17 август 2020 (МИА) - Канцеларијата на поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановска објави соопштение во кое се повикува на генерален штрајк, како начин да се издејствува оставката на претседателот Лукашенко.
„Ги повикуваме сите работнички колективи да се приклучат на временски неопределен штрајк со барање за оставка на Александар Лукашенко. Исто така, бараме тие да делегираат претставници на штрајкувачките комитети во Координативниот совет“, се вели во соопштението, кое беше објавено на социјалните мрежи.
Шефицата на кабинетот на Тихановска, Марија Морозова изјави дека белорускиот режим „го разбира единствено јазикот на силата и конкретна економска штета“. - Затоа мора да покажеме дека сме подготвени да предизвикаме таква штета, вели Морозова.
Во меѓувреме, продолжуваат протестите во земјата со барање за оставка на Лукашенко.
.Белорускиот министер за здравство Владимир Караник рече дека во денешните протести повредени се 158 демонстранти и полицајци и сите се хоспотализирани. Тој прецизираше дека три лица се со тешки повреди. ссм/