• среда, 25 декември 2024

Белорусија ослободува 30 лица затворени за време на протестите во 2020 година

Белорусија ослободува 30 лица затворени за време на протестите во 2020 година

Минск, 16 август 2024 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилуваше 30 лица осудени за учество во протести, јавија државните медиуми.

Лукашенко помилувал 14 жени и 16 мажи, но не се наведени нивните имиња.

Лукашенко, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, е на чело на Белорусија веќе три децении. Во 2020 година тој употреби полиција и безбедносни сили за да ги задуши масовните протести по изборите, за кои опозицијата и Западот обвинија дека се наместени.

Во последните месеци, десетици добитници на Нобеловата награда се придружија на повиците за ослободување на затворениците кои беа уапсени за време на овие протести. Организациите за заштита на човековите права проценуваат дека во Белорусија има околу 1400 политички затвореници.

Лукашенко во јули ослободи 18 затвореници, вклучително и Григориј Костусев, долгогодишен опозиционер кој боледува од рак. ссм/

фото: архива

Остани поврзан