• петок, 27 декември 2024

Белорусија најави ремонт на нафтоводот Пријателство

Белорусија најави ремонт на нафтоводот Пријателство

Минск, 17 ноември 2021 (МИА) - Белорусија денеска соопшти дека е неопходно да се направи „непланиран ремонт“ на нафтоводот Пријателство, преку кој се транспортира нафта од Русија преку Белорусија до неколку земји-членки на Европска Унија, поради што би можело да има проблем во снабдувањето на европските потрошувачи.

Се предвидува ремонтот да трае три дена.

Руската енергетска извозна компанија Трансњефт наведе дека би можело да дојде до краткорочни прекини во снабдувањето.

Нафтоводот Пријателство ги поврзува нафтените полиња во Централна Русија со потрошувачите во Полска, Унгарија, Чешка и Германија.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко по најавата на ЕУ за санкции против Минск поради мигрантската криза на границата со Полска, и се закани на Европа дека ќе го запре дотокот на гас и нафта. ми/

Остани поврзан