• четврток, 26 декември 2024

Белорусија: Лукашенко ја распушти Владата

Белорусија: Лукашенко ја распушти Владата
Минск, 3 јуни 2020 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ја распушти Владата, откако претходно најави дека нема да има радикални кадровски промени во извршната власт. - Остар рез, замена на сите членови на Владата би била погрешна во овој момент, рече Лукашенко на состанокот со членовите на неговиот кабинет. - Израсна нова генерација на лидери кои се покажаа добро и добро соработуваа во владата. Зошто да ги менуваме? Тие можат да работат, додаде тој. Новиот состав влада сè уште не е објавен, а сега поранешниот премиер Сергеј Румас беше назначен на таа функција во 2018 година. Претседателските избори се закажани за 9 август, а Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, се очекува да освои шести мандат. ссм/  

Остани поврзан