Белерин сака да стане капитен на Арсенал
- Во текот на летото, лондонскиот клуб може да се раздели со Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа на менаџерот Микел Артета ќе му се наметне да избере нов капитен.
Лондон, 20 март 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Арсенал, Хектор Белерин, потврди дека има амбиција да стане капитен на „топџиите“. 25-годишниот дефанзивец го носи дресот на Арсенал уште од 2011 година, кога беше привлечен во Барселона.
Во текот на летото, лондонскиот клуб може да се раздели со Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа на менаџерот Микел Артета ќе му се наметне да избере нов капитен.
- Уште од кога бев дете во Барселона, секогаш сум бил еден од трите капитени во тимот. Ова е улога на која сум навикнат. Секако, во Арсенал не е така, бидејќи тука одговорноста е различна и вие сте сосема поинаков тим, но јас секогаш уживав во оваа улога. Ми се допаѓа да ја преземам одговорност и да бидам капитен, изјави Белерин за „Дејли мејл“.
Тој додаде дека ја зборувал на темата со Микел Артета и тој му рекол дека е еден од играчите накој е подготвен да му ја довери лентата.