• сабота, 23 ноември 2024

Белгија ја совлада Романија и се искачи на второто место во групата Е

Белгија ја совлада Романија и се искачи на второто место во групата Е

Келн, 22 јуни 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Белгија вечерва во Келн ја совлада Романија во натпреварот од 2. коло во групната фаза на Европското фудбалско првенство.

Првиот гол на Белгијците го постигна Јури Тилеманс во 2. минута. Во 64. минута судијата го поништи голот на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку по интервенција на ВАР поради офсајд. Десет минути пред крајот Кевин Де Брујн погоди по асистенција на голманот на својот тим Кен Кастелс.

Во Е групата сите четири селекции имаат по три бода. Лидер е Романија, втора е Белгија, трета е Словачка, Украина е последна.

Белгија во последното коло од групната фаза ќе игра против Украина, а Романија ќе се сретне со Словачка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан