• петок, 27 декември 2024

Белгија му врати на ДР Конго позлатен заб што наводно му припаѓал на премиерот Лумумба

Белгија му врати на ДР Конго позлатен заб што наводно му припаѓал на премиерот Лумумба
Киншаса, 20 јуни 2022 (МИА) - Белгија денеска му врати на Конго позлатен заб за кој се верува дека му припаѓал на првиот премиер на независна ДР Конго, Патрис Лумумба. Белгискиот државен обвинител го предаде забот на приватна свеченост денеска во Брисел, во присуство на членови на семејството на Лумумба, белгискиот крал и претставници на Конго. На почетокот на овој месец, белгискиот крал Филип изрази „најдлабоко жалење“ за насилството што Белгија го извршила во нејзината поранешна колонија Конго - земја која територијално е 75 пати поголема од неа. Откако се залагаше за крај на колонијалното владеење, Лумумба стана првиот премиер на независна Конго во 1960 година. По убиството во 1961 година, телото на Лумумба било распарчено и уништено со киселина од противниците. Неколку десетлетија подоцна, белгиските власти ѝ го одзеле забот на ќерката на белгискиот полициски комесар, кој, според неа, го зел забот кога го надгледувал уништувањето на телото на Лумумба. За многумина, Лумумба е симбол на борбата на африканските народи против колонијализмот. Сепак, некои историчари сметаат дека тој потоа паднал во немилост на Белгија и САД за време на Студената војна бидејќи побарал помош од СССР во задушувањето на сецесионистичкото движење во областа Катанга. Кога лидерот Мобуту Сесе Секо ја презел власта со воен удар, западните сили интервенираа и Лумумба беше уапсен. Иако бил убиен од сепаратистите, се верува дека Белгија и САД учествувале во убиството поради неговите врски со Советите. Обвинителството пред две години објави дека не е сигурно дека забот е навистина е на Лумумба, бидејќи не било можно да се направи ДНК-тест.  си/сд/

Остани поврзан