• вторник, 20 јануари 2026

Белгија засега не испраќа свои војници на Гренланд

Белгија засега не испраќа свои војници на Гренланд

Брисел, 15 јануари 2026 (МИА) - Белгиски војници засега нема да бидат испратени на Гренланд, соопшти денеска Министерството за одбрана на Белгија по најавата за почеток на европската воена мисија на овој дански остров.

- Досега не сме добиле никакви барања за учество од НАТО, ЕУ или билатерално - се наведува во соопштението на Министерството.

Во него се додава дека доколку такво барање сепак биде упатено до Белгија, Министерството за одбрана, заедно со владата, ќе „испита што може да направи“. сп/сд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан