• среда, 13 ноември 2024

Белгиското и холандското Гран при ќе се менуваат во календарот на Ф1 од 2024 година

Белгиското и холандското Гран при ќе се менуваат во календарот на Ф1 од 2024 година

Лондон, 8 јуни 2023 (МИА) – Трката за Големата награда на Белгија ќе го задржи местото во календарот на Формула 1 во наредните години. Како што беше претходно објавено „Спа“ нема да го загуби местото во шампионатот откако Формула 1 се откажа од идејата за враќање на ГН на Јужна Африка.

 

Во исто време, според „Ле Соар“, Спа сериозно разговара за можноста за потпишување на долгорочен договор, според кој Белгиското ГП ќе се одржува на секои две години.

 

Во моментов активно се разговара за програмата за ротација на европските етапи меѓу Формула 1 и организаторите на неколку етапи.

 

Во случајот со Големата награда на Белгија, зборуваме за менување со холандското Гранд При - каде што не се жалат на посетеност, во голема мера благодарение на популарноста на Макс Верстапен - но во исто време тие би сакале да ги намалат исплатите на Формула 1 за домаќин на Гран При.

 

Договорот имплицира дека Гран При на Белгија ќе се одржи во 2024, 2026, 2028 и 2030 година. Додека Гран При на Холандија во 2025, 2027, 2029 и 2031 г.

 

Се очекува дека финалните преговори за ова прашање треба да се одржат во неделата пред Големата награда на Канада. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан