• вторник, 12 ноември 2024

Белгиски судија ја стопира екстрадицијата на Пуџдемон во Шпанија

Белгиски судија ја стопира екстрадицијата на Пуџдемон во Шпанија
Брисел, 2 јануари 2020 (МИА) – Белгиски судија кој покрена постапка за екстрадиција на Карлес Пуџдемон во Шпанија оцени дека поранешниот каталонски лидер има пратенички имунитет и одлучи да ја стопира постапката.
Адвокатот Симон Бекерт истакна дека одлуката на судијата се однесува и на поранешниот каталонски министер за здравство Тони Комин.
- Процедурата за екстрадиција во Мадрид врз основа на европскиот налог за апсење мора да биде суспендирана се додека Европски парламент евентуално не го укине пратеничкиот имунитет, на барање на Шпанија, посочи Бекерт.
Пуџдемон и Комин беа избрани за пратеници во ЕП на изборите во мај минатата година. Тие двајцата се во егзил во Белгија откако побегнаа од Шпанија во 2017 година со цел да го избегнат апсењето поради обидот за отцепување на Каталонија и референдумот за независност.
Европскиот суд за правда кон крајот на декември минатата година побара од помискиот суд да ја разгледа својата одлука со која на Пуџдемон му е оневозможено да го преземе пратеничкиот мандат во ЕП. ми/

Остани поврзан