• среда, 25 декември 2024

Белгискиот рекордер Фертонген ја заврши репрезентативната кариера

Белгискиот рекордер Фертонген ја заврши репрезентативната кариера

 

Брисел, 5 јули 2024 (МИА) – Рекордерот според бројот одиграни натпревари за фудбалската репрезентација на Белгија, Јан Фертонген, објави денеска дека става крај на репрезентативната кариера.

„По одиграни 157 репрезентативни натпревари и постигнати десет голови за Белгија, време е да ви се заблагодарам за сите спомени. Се надевам дека не ве разочарав и покажав што значеше за мене да сум „црвен ѓавол“. не ве разочара“, напиша белгискиот дефанзивец на социјалните мрежи.

Фертонген дебитираше за Белгија во 2007 година и настапи на три мундијали – во 2014, 2018 и 2022 година и на три европски првенства (во 2016, 2020 и 2024).

Белгија на актуелното ЕВРО2024 беше елиминирана од Франција во осминафиналето со автогол на Фертонген во финишот на натпреварот. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан