• петок, 27 декември 2024

Белгискиот премиер Александер Де Кро тужи радиски новинар за повик за негово убиство

Белгискиот премиер Александер Де Кро тужи радиски новинар за повик за негово убиство

Брисел, 16 мај 2024 (МИА) - Белгискиот премиер Александер Де Кро поднел тужба против радиски новинар, кој вчера повикал на негово убиство, објави портпаролот на премиерот Баренд Лејтс.

„Александар Де Кро поднесе жалба против водителот кој повика да биде застрелан“, објави денеска портпаролот  Лејтс на социјалната мрежа Х.

Водителот на локалната радио станица „Варегем1“ вчеравечер, по обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, за време на неговата емисија повика да се убие белгискиот премиер

„Изгледа дека ќе се извлече. Виновникот е уапсен“, изјави водителот, чие име белгиските медиуми не го спомнаа, за обидот за атентат врз словачкиот премиер.

„На сите оние кои размислуваат да го застрелаат премиерот Александре де Кро, но не се осмелуваат поради обезбедувањето околу него, би им рекол - видете дека е можно. Дури би рекол - напред“, продолжи водителот.

Белгиските медиуми јавуваат дека оваа „несолена шега шокираше многу слушатели“.

Шефот на радио станицата, Лудо Даелман, изјави дека тоа е лоша шега, која е лошо протолкувана и тврди дека водителот немал никаква намера да поттикнува насилство.

-Разговарав со него и тој беше шокиран што неговите зборови така се толкуваат. На крајот на краиштата, комичарите постојано се шегуваат на тој начин, рече Дејлман, пренесе ХНЛ.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан