• недела, 24 ноември 2024

Белгиската полиција усмртила психијатриски пациент кој со нож го нападнал персоналот во установата

Белгиската полиција усмртила  психијатриски пациент кој со нож го нападнал персоналот во установата

Брисел, 21 март 2023 (МИА) - Белгиската полиција денеска погоди и уби пациент кој носел ладно оружје во психијатриска клиника во Брисел, соопшти локалното обвинителство.

Полицијата, пренесуваат американските медиуми, била повикана бидејќи 49-годишниот маж почнал да се однесува агресивно во Психијатрискиот институт „Фонд Роа“, а персоналот на клиниката не можел да се справи со него.

Обвинителството соопшти дека првите сознанија од истрагата покажале дека полицијата морала да повика засилување откако првата патрола пристигнала на местото на настанот, поради особено опасното однесување на лицето и состојбата на вознемиреност.

„За време на акцијата полицајците морале да употребат оружје“, соопшти обвинителството, додавајќи дека пациентот бил застрелан во раката и стомакот, а откако бил пренесен во болница починал од повредите.

Обвинителството најави дека комисија, која врши надворешен надзор над белгиската полиција, ќе го испита случајот. сд/

Остани поврзан