• сабота, 23 ноември 2024

Белгиската полиција уапси седум лица поради сомневање дека подготвувале терористички напад

Белгиската полиција уапси седум лица поради сомневање дека подготвувале терористички напад

Брисел, 4 мај 2023 (МИА) - Белгиската полиција уапси седум лица поради сомневање дека подготвувале терористички напад, соопшти денеска обвинителството.

Осомничените разговарале за неколку сценарија за напад во Белгија, но се уште не одлучиле за целта, се вели во соопштението.

„Се зборуваше за згради на НАТО, но во моментов тие планови не изгледаат конкретни“, изјави портпаролот на полицијата за белгискиот весник „Де Стандард“. рп/

Остани поврзан