• сабота, 23 ноември 2024

Белгиецот Брис нов селектор на Камерун

Белгиецот Брис нов селектор на Камерун

 

Јаунде, 3 април 2024 (МИА) – Белгискиот фудбалски стратег Марк Брис е назначен денеска за нов селектор на Камерун, откако е одлучено договорот на досегашниот предводник Ригоберт Сонг да не биде обновен, соопшти денеска камерунското Министерство за спорт.

Не е објавена временската рамка на договорот со 62-годишниот Брис кому ова ќе му биде прво селекторско искуство во кариерата.

Брис досега во кариерата предводеше повеќе белгиски и холандски екипи, како и тимови од арапскиот свет.

Договорот на Сонг беше потпишан во март 2022 година и истече на 29 февруари оваа година.

Камерун на Мундијалот во Катар беше елиминиран во групната фаза, а на Африканскиот куп на нации кој се одржа во февруари, го заврши настапот во осминафиналето со пораз од Нигерија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан