• четврток, 26 декември 2024

Бела куќа: САД собираат информации околу ударите со беспилотни летала врз Москва 

Бела куќа: САД собираат информации околу ударите со беспилотни летала врз Москва 

Вашингтон, 31 мај 2023 (МИА) - САД собираат информации во однос на ударите со беспилотни летала врз Москва, соопштија синоќа од Белата куќа.  

Во соопштението се потенцира дека Вашингтон не подржува нанесување удари на територијата на Русија и дека САД се целосно сконцентрирани на давање помош на Украина во однос на враќање на украинските територии окупирани од Русија. 

- Ние ги видовме вестите и засега собираме информации за случувањата. Генерално, не одобруваме напади на територијата на Русија, изјави Карин Жан-Пјер, портпаролката на Белата куќа. 

Во изјавата се прецизира дека само во текот на мај Киев 17 пати бил подложен на руски ракетни и напади со беспилотни летала.  

- Mногу од овие напади разурнаа граѓански региони додека Русија продолжува со своите брутални напади врз народот на Украина, рече Жан-Пјер. 

Таа уште еднаш повтори дека „Русија ја започна оваа неиспровоцирана агресија и војна против Украина и може да ја заврши во кое било време“. бк/паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан