• среда, 18 декември 2024

Бела куќа: САД остануваат во Сирија и по падот на Асад

Бела куќа: САД остануваат во Сирија и по падот на Асад

Вашингтон, 11 декември 2024 (МИА) - Американскaта војска ќе остане во Сирија и по падот на режимот на Башар Асад, а како дел од мисијата за борба против тероризмот со цел да се уништат последните остатоци од терористичката „Исламска држава“, изјави виш службеник на Белата куќа.
 
-Овие трупи се таму со многу конкретна и важна цел, а не како некаков предмет за поткусурување, Џон Фајнер, заменик советник за национална безбедност на претседателот на САД, изјави во интервју за време на конференција синоќа во Њујорк.
 
Според него, американската војска „е таму речиси цела деценија или повеќе за да се борат против ИД… и ние остануваме посветени на оваа мисија.“
 
На прашање дали американските војници ќе останат во Сирија, Фајнер одговори: „Да.“
 
Борците на „Исламската држава“ во 2014 година зазеде обемни територии во Сирија и Ирак и прогласи исламски калифат, пред да бидат истиснати до 2019 година од коалиција предводена од САД.
 
Во неделата, сириските бунтовници без отпор го зазедоа Дамаск а по молскавичното напредување, по што Башар Асад побегна во Русија, и со тоа настапи крајот на 13-годишната граѓанска војна и повеќе од пет децении автократско владеење на неговото семејство.
 
Вашингтон сега го разгледува своето воено присуство како гаранција за стабилноста во регионот. Засега, останува нејасно како новите власти на Сирија ќе го прифатат присуството на американска војска на територијата на земјата.  кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан