• среда, 18 декември 2024

Бела куќа: САД ги следат нуклеарните проекти на Северна Кореја

Бела куќа: САД ги следат нуклеарните проекти на Северна Кореја

Вашингтон, 13 септември 2024 (МИА) – САД продолжуваат да ги следат нуклеарните проекти на Северна Кореја, вклучително и технологијата за балистички ракети, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби изјави дека САД јасно ставиле до знаење дека се отворени за разговори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска првпат покажа фотографии од центрифуги кои произведуваат гориво за нуклеарни бомби.

Како што објави државната новинска агенција КЦНА, Ким при посетата на Институтот за нуклеарно оружје и производствената база за „нуклеарни материјали за оружје“ ја истакна „потребата од дополнително зголемување на бројот на центрифуги со цел експоненцијално да се зголеми нуклеарното оружје за самоодбрана доследно на партиската линија за градење нуклеарни вооружени сили“.

Ким, исто така, го надгледуваше пробното истрелување на нов повеќецевен ракетен фрлач од 600 милиметри. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан