Бела куќа: Повикот за примирје во Либан беше „координиран“ со Израел
- Белата куќа денеска соопшти дека меѓународниот апел од САД за прекин на огнот во Либан бил „координиран“ со Израел, и покрај тоа што Тел Авив подоцна го отфрли примирјето
Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) – Белата куќа денеска соопшти дека меѓународниот апел од САД за прекин на огнот во Либан бил „координиран“ со Израел, и покрај тоа што Тел Авив подоцна го отфрли примирјето.
Изјавата навистина беше координирана со израелската страна, истакна портпаролката Карин Жан-Пјер, додавајќи дека разговорите продолжуваат на Генералното собрание на ОН во Њујорк. ми/
фото: ЕПА