• вторник, 24 декември 2024

Бела куќа: Нема индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје

Бела куќа: Нема индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје
Вашингтон, 4 октомври 2022 (МИА) - Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека САД немаат индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во војната со Украина. - Ние овде многу сериозно го сфаќаме секое нуклеарно оружје или заканата од нивна употреба, но сакам да кажам дека не видовме причина да го адаптираме нашиот сопствен стратешки нуклеарен став, ниту пак имаме некакви индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, истакна Жан-Пјер. Во исто време, неименуван официјален претставник на НАТО изјави дека Алијансата не забележала никакви промени во нуклеарната позиција на Русија. Не видовме никакви промени во нуклеарната позиција на Русија, но НАТО и сојузниците остануваат будни, посочи тој. Претседателот на Русија, Владимир Путин во минатонеделното обраќање до нацијата, истакна дека неговата земја има „различни деструктивни оружја“ и дека „ќе ги искористи сите расположливи средства“. ми/

Остани поврзан