• среда, 18 декември 2024

Бела куќа: Наместо Бајден, американската потпретседателка Камала Харис ќе присуствува на самитот во Украина во Швајцарија

Бела куќа: Наместо Бајден, американската потпретседателка Камала Харис ќе присуствува на самитот во Украина во Швајцарија

Вашингтон, 3 јуни 2024 (МИА) - Американската потпретседателка Камала Харис ќе присуствува на мировниот самит во Украина во Швајцарија, соопшти денеска Белата куќа, откако претседателот Џо Бајден, наводно, требаше да го прескокне самитот заради изборниот собир на средства организиран од Џорџ Клуни.

Харис, на која  ќе и се придружи советникот за национална безбедност Џејк Саливан на состанокот на 15 јуни во Луцерн, „ќе ја нагласи посветеноста на администрацијата на Бајден-Харис да ги поддржи напорите на Украина да обезбеди праведен и траен мир“.

„Потпретседателката ќе ја потврди поддршката за народот на Украина додека тие се бранат од тековната руска агресија“, рече портпаролката на Харис, Кирстен Ален.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски притискаше Бајден да присуствува на самитот, велејќи дека ако американскиот лидер не се појави, тоа ќе биде како „лично да му аплаудира“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Киев се надева дека ќе добие широка меѓународна поддршка на состанокот за неговата визија за условите потребни за ставање крај на руската војна.

Но, швајцарскиот самит се судри со собирот за собирање средства во Калифорнија, организиран од холивудските ѕвезди Клуни и Џулија Робертс, заедно со поранешниот претседател Барак Обама, за кандидатурата на Бајден за реизбор против Доналд Трамп.

Очигледното неприсуство на Бајден во Швајцарија доаѓа и покрај фактот што тој ќе биде на кратко патување со авион во соседна Италија на состанокот на Г7 еден ден пред состанокот во Луцерн. зш/

Остани поврзан