• среда, 27 ноември 2024

Бела куќа: Израел има обврска да ги заштити невините луѓе во болниците во Појасот Газа

Бела куќа: Израел има обврска да ги заштити невините луѓе во болниците во Појасот Газа

Вашингтон, 22 јануари 2024 (МИА) – Израел има обврска според меѓународното право да ги штити невините луѓе во болниците во Појасот Газа што е можно подолго додека ја продолжува својата воена кампања против Хамас, соопшти денеска Белата куќа.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, на брифинг со новинарите изјави дека Израел има право да се брани, но оти тоа треба да го направи во согласност со меѓународното право и колку што е можно да ги заштити невините луѓе во болниците, медицинскиот персонал и пациентите.

Кирби изјави дека е познато оти Хамас намерно користи места како болници за складирање на оружје, сместување на своите борци, па дури и ги користи за командни центри, што дополнително ја комплицира позицијата на Израел. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан