• среда, 18 декември 2024

Бела куќа: Бајден ќе има видео средба со лидерите на ЕУ за Украина

Бела куќа: Бајден ќе има видео средба со лидерите на ЕУ за Украина
Вашингтон, 24 јануари 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден доцна вечерва ќе има видео средба со неколку лидери на Европската унија (ЕУ) за ситуацијата во Украина, соопшти Белата куќа, откако станаа видливи несогласувањата меѓу САД и нејзината европска сојузници. Американскиот претседател ќе разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, британскиот премиер Борис Џонсон и полскиот претседател Анджеј Дуда. Видео средбата ќе се одржи во кризната соба во Белата куќа. „Видео состанокот е дел од нашата размена и тесна координација со нашите сојузници и трансатлантските партнери како одговор на руското воено засилување на украинската граница“, соопшти Белата куќа. Француските медиуми пренесуваат дека ставот на Вашингтон и Европејците за Украина се чини дека не е усогласен. САД сега споменуваат можна инвазија на Украина „во секое време“ и најавија повлекување на дел од персоналот од нивната амбасада во Киев. Обединетото Кралство и Австралија го направија истото. Некои европски лидери бараат објаснувања за тоа што тие го сметаат за „можна прекумерна драматизација“ на САД. сд/

Остани поврзан