• вторник, 24 декември 2024

Бела куќа: Бајден го потпиша нацрт-законот со кој се избегнува блокирање на владата

Бела куќа: Бајден го потпиша нацрт-законот со кој се избегнува блокирање на владата

Вашингтон, 1 февруари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша нацрт-закон за краткорочно замрзнување на трошоците за да спречи делумно затворање на владата, соопшти Белата куќа.

Предлог-законот претходно беше одобрен од Сенатот на САД, откако беше усвоен од Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците

Со потписот на Бајден избегната е заканата од блокирање на федералната влада, по неколкумесечната дебата меѓу демократите и републиканците. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан