• сабота, 23 ноември 2024

Белата куќа ја осуди нуклеарната реторика на Путин

Белата куќа ја осуди нуклеарната реторика на Путин

Вашингтон, 16 јуни 2023 (МИА) - Белата куќа ги осуди коментарите на рускиот претседател Владимир Путин за можна употреба на нуклеарно оружје, но рече дека САД не го промениле својата постоечки став како одговор на таа реторика.

Одговарајќи на прашања на летот на Air Force One, заменик - портпаролката на Белата куќа, Оливија Далтон, ја потврди посветеноста на САД на принципот на НАТО за колективна одбрана.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен исто така рече дека нема индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје.

Коментарите од американска страна доаѓаат откако Путин денеска рече дека Русија „теоретски“ може да користи нуклеарно оружје доколку постои закана за нејзиниот територијален интегритет или опстанок, но дека нема потреба од тоа.

„Нуклеарното оружје беше развиено како гарант за нашата безбедност во најширока смисла на зборот и за опстанокот на руската држава, но ја немаме таа потреба (да го употребиме), рече Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан