• петок, 08 ноември 2024

Белата куќа со реакција по смртоносните пукотници за време на прославите за Денот на независноста

Белата куќа со реакција по смртоносните пукотници за време на прославите за Денот на независноста

Вашингтон, 5 јули 2023 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден ја одбележа годишнината од пукотницата лани во Хајленд Парк, Илиниос на Денот на независноста со повторен повик за контрола на оружјето во САД, а по неколкуте масовни пукања низ земјата на 4 јули што фрлија дамка на одбележувањето на празникот.

Во изјава синоќа тој истакна дека земјата треба да го следи примерот на законодавците од Илионис кои усвоија забрана за продажба на офанзивно брзорафално огнено оружје во државата, а по пукањето во Хајленд Парк лани кога загинаа седум лица.

-Нивните заслуги ќе спасат многу животи. Но нема да ја избришат нивната жал. Нема да ги вратат седуммината Американци убиени во Хајленд Парк или да ги исцелат раните и траумата што многумина ќе ги носат, изјави Бајден.

Тој рече дека „треба уште многу повеќе да се работи во Илиноис, и низ САД, за да се искорени епидемијата на оруженото насилство што ги раскинува нашите заедници“.

Неколку смртоносни пукања во САД вчера за време на прославата за 4 јули го оцрнија празничниот ден.

Пукање имаше во Балтимор, Мериленд при што загинаа две лица, 28 беа ранети вклучувајќи 14 деца. Потоа, во понеделникот ноќта пукање се случи во Филаделфија каде пет лица беа убиени а две деца ранети. Во Форт Ворт, Тексас тројца беа убиени откако се пукаше во толпа за време на фестивал во чест на празникот. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан