• среда, 25 декември 2024

Белата куќа со загриженост за развојот на иранската нуклеарна програма

Белата куќа со загриженост за развојот на иранската нуклеарна програма
Вашингтон, 22 ноември 2022 (МИА) - Портпаролот на Белата куќа денеска ја изрази длабоката загриженост на САД за развојот на иранската нуклеарна програма, но не потврди дека Иран навистина почнал да произведува ураниум збогатен до 60 проценти во Фордо. „Продолжуваме да гледаме со длабока загриженост не само на развојот на иранската нуклеарна програма, туку и на континуираното подобрување на неговите капацитети за балистички ракети“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа. Тој рече дека САД ќе се погрижат американскиот претседател „да ги има сите потребни опции“. „Ние секако не го сменивме нашиот став дека нема да дозволиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје“, рече Кирби. паг/

Остани поврзан