• среда, 27 ноември 2024

Белата куќа се заложи да продолжи со заштита на репродуктивните права на жените

Белата куќа се заложи да продолжи со заштита на репродуктивните права на жените

Вашингтон, 22 јануари 2023 (МИА) - На 51. годишнина од одлуката на Врховниот суд „Рое против Вејд“, случај што го потврди правото на абортус, претседателот Џо Бајден изјави дека се прават напори за подобра заштита на репродуктивните права на жените со пристап до медицинските услуги. Оваа тема станува и составен дел од изборната кампања на Бајден.

Претседателот истакна дека пред година и пол Врховниот суд одлучи да го укине „Ро против Вејд“ со што жените во САД се лишија од уставното право на абортус.

-Како резултат, десетици милиони жени живеат во сојузни држави со вонредно опасни забрани на абортус. Поради републиканските изборни службени лица здравјето и животот на жените се под закана. Во државите низ целата земја на жените им е забранет прием во одделенијата за ургентна помош и се принудени да се обраќаат во суд за дозвола за неопходна медицинска помош и да патуваат стотици милји за примање медицинска помош, изјави Бајден во соопштението.

Тој го повика Конгресот „еднаш и засекогаш“ да го врати назад „Рое против Вејд“ во сојузното законодавство.

Белата куќа објави мерки што повикуваат на обезбедување пристап до контрацептивни средства, препарати за абортус и итни абортуси во болниците, јави претходно Вашингтон пост.

Денеска Бајден одржа и средба со таргет група за разгледување на проблемите со репродуктивното здравје.

За ова неделава се подготвуваат и митинзи со потпретседателката Камала Харис во неколку сојузни држави, вклучувајќи и Висконсин. Таму таа ќе ги критикува предлозите на републиканците на тие држави да се забранат абортусите по 14 недели бременост. Гувернерот демократ на Висконсин веќе изјави дека ќе стави вето на таков нацрт закон. кб/

Остани поврзан