• понеделник, 23 декември 2024

Белата куќа повика на мирни студентски собири за поддршка на Газа

Белата куќа повика на мирни студентски собири за поддршка на Газа

Вашингтон, 28 април 2024 (МИА) -  Белата куќа денеска повика на мирни студентски собири за поддршка на Газа, што ги изма се повеќево изминатите денови на американските универзитети, додека на тие собири за време на викендот беа приведени 275 лица.

„Го почитуваме правото на мирни протести. Сепак, ги осудуваме антисемитските изјави кои се слушнаа неодамна, како и говорот на омраза и заканите за насилство“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби за американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си.

Движењето на пропалестинските американски демонстранти е зголемено во последните денови, по првиот таков митинг одржан на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Студентите кои протестираат против војната во Појасот Газа бараат факултетите да ги прекинат финансиските врски со Израел и да се дистанцираат од компаниите што го поддржуваат конфликтот.

Во текот на викендот, 100 луѓе беа уапсени на кампусот на универзитет во Бостон, 80 на Универзитетот во Мисури, 72 на Универзитетот во Аризона и 23 на Универзитетот во Индијана. зш/

Остани поврзан