• недела, 24 ноември 2024

Бектовиќ: Судскиот совет е консолидиран и ги имплементира препораките на оценската мисија

Бектовиќ: Судскиот совет е консолидиран и ги имплементира препораките на оценската мисија

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Џенета Бектовиќ, која како нова членка на Судскиот совет денеска во Собранието даде свечена изјава, смета дека Судскиот совет е консолидиран и дека веќе ги имплементира препораките на оценската мисија и дава позитивни резултати во таа насока.

- Како член на Судскиот совет, особено ќе се залагам при изборот на унапредување на судии во повисоките истанци да се применува исклучиво принципот на меритократија, односно напредување врз основа на квалитет и ќе ги поддржувам професионалните, стручните, совесните и чесните судии и судиите со интегритет. Таков е најголемиот број на судии во државата. А за несовесните и корумпирани судии коишто се во многу мал број доколку истото се утврди во постапка утврдена со закон за таквите судии нема место во судството. Сметам дека со моето повеќегодишно судиско искуство и со активното учество ќе придонесам во работата на Судскиот совет и ќе се заложам да се врати довербата на граѓаните во судскиот систем и во правната држава и на тој начин ќе ја оправдам искажаната доверба за оваа почесна функција, рече по свечената ијава Бектовиќ. 

Судијката смета дека функцијата член на Судскиот совет на РСМ е одговорна функција особено во овој период кога, како што вели, Судскиот совет е под мониторинг на меѓународната и експертската јавност и кога од Советот се очекуваат имплементација на препораките на ЕУ кои во најголем број се однесуваат на работата на Судскиот совет.

Бектовиќ денеска на свечената изјава во Собранието беше придружувана од претседателката на Советот Весна Дамева. ев/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан