• сабота, 28 декември 2024

Бектеши ќе ја презентира Инвестициската програма за енергетска транзиција на претстојниот COP28

Бектеши ќе ја презентира Инвестициската програма за енергетска транзиција на претстојниот COP28

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе ја презентира Инвестициската програма на Северна Македонија на претстојната 28. Меѓународна конференција на Обединети нации за климатски промени - COP28, која годинава ќе се одржува од 30 ноември до 12 декември 2023 година во Дубаи. 

Како што информира денеска Министерството за економија, ресорното министерство како координатор од Владата е во завршна фаза на изработка на Инвестициската платформа за енергетска транзиција (Just Energy Transition Investment Platform JETIP).

- Инвестициската програма (план) ги обработува предлозите на Владата, ги идентификува потенцијалните области за инвестиции и техничка помош на мултилатералните банки и го вклучува потенцијалот за мобилизирање на дополнително кофинансирање од билатерални, мултилатерални и приватни извори, се вели во соопштението.

Во моментот Планот е во изработка и се очекува во средина на декември да се одржат јавните консултации за него. Податоците (од финансиски аспект и инвестициски проекти) се уште сево работна верзија и согласно сегашните активности и временски рамки, планот се очекува да биде финализиран и усовоен до крајот на јануари 2024 година.

- Инвестицискиот план претставува деловен план што го развива и поднесува Владата на Република Северна Македонија во соработка со мултилатералните банки кои се партнери на Климатскиот инвестициски фонд, во овој случај: Европска банка за обнова и развој (ЕБОР – водство), Групацијата Светска Банка – СБ (Меѓународната банка за обнова и развој (МБОР) и Меѓународната Финансиска корпорација (ИФЦ), стои во соопштението. 

Инвестицискиот план е структурирана во три дела: Проекти во потенцијална пренамена на електраните кои работат на јаглен со дополнителни инвестиции во обновливи извори на енергија, Економска регенерација на Пелагониски и Југозападен регион и Енергетска ефикасност, чиста топлина и програма за децентрализирано производство.

- Северна Македонија е лидер во регионот во инвестиции во извори на обновлива енергија и поддршка на зелена транзиција. Како држава имаме поставено амбициозна цел до 2030 година целосно да го намалиме и исклучиме користењето на јаглен за производство на електрична енергија. Во последните неколку години со засилено темпо ја реализираме енергетската транзиција на државата која е силен сигнал ка меѓународните кредитори да дадат поддршка за целосно претруктурирање на македонскиот енергетски систем кон зелена енергија, се наведува во соопштението од Министерството за економија. мд/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан