• среда, 13 ноември 2024

Бектеши: Ќе разговараме дали законот за данок на солидарност треба да помине или ќе биде модифициран

Бектеши: Ќе разговараме дали законот за данок на солидарност треба да помине или ќе биде модифициран

Скопје, 29 август 2023 (МИА) - Не велам дека се откажуваме или дека ќе го повлечеме законот за данок на солидарност. Треба дополнително да седнеме и да разгледаме дали законското решение треба вака да помине или треба да има модификација, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој останува на ставот дека во време на криза сите треба да бидат солидарни, но со оглед дека веќе поминаа 5 - 6 месеци откако се доставни завршните сметки од страна на компаниите, треба добро да се проанализира дали евентуалното донесување на законот може да има негативно влијание врз бизнисот.

И бизнисот и министерот Бектеши од прес-конференцијата во СКСЗМ упатија критики за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. како што предочи Бектеши, Комисијата од почетокот на КО

-Сметаме дека во време на криза треба да бидеме солидарни, но откако законското решение не можеше да помине одредени филтри во Собранието, сега треба да седнеме дополнително и да разговараме да не е доцна за носење вакво законско решение. Поминаа речлиси 5 - 6 месеци откао се доставни завршните сметки од страна на компаниите. Во овој период одредени компании тие средства можеле да ги реинвестираат, можеби почнале нови проекти, а тоа значи дека можеме негативно да влијаеме во одредени компании во делот на нивната ликвидност и можност за дневно да оперираат со предвидените средства за плати, даноци, кушување суровини,..., истакна Бектеши по работниот состанок со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

И СКСЗМ е против носењето на законот за данок на солидарност.

-Остануваме на ставот дека сме против законот за солидарност. Мислиме дека министерот Бектеши ќе не сфати, нашите компании членки тој профит веќе го имаат инвестирано, а треба да се има предвид и дека законот нема да дава резултати за стопанството, напомена претседателот на СКСЗМ, Менди Ќира. мч/са/

фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан