Бектеши: Ќе имаме година на економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската криза
- Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска м
![Бектеши: Ќе имаме година на економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската криза](https://new.mia.mk/index.php/images/20221112032341_big_730x400_93.webp )
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) – Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Предлогот на министерот за финансии Фатмир Бесими е 14,5 отсто од Буџетот да се искористат за капитални инвестиции и затоа најверојатно ќе биде година на економски бум ако во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Сарај.
Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, пак , истакна дека како Влада и Министерство за транспорт и врски се задоволни од инвестициите што се реализирани во 2021 година, имајќи ги во предвид сериозните предизвици со кои се соочивме како што е пандемијата која влијаеше и на капиталните инвестиции.
- Како Министерство за транспорт и врски имавме реализација над 64 отсто од капиталните инвестиции односно 92 отсто од основниот буџет на Министерството. Без разлика на предизвиците ќе направиме сериозни напори како Влада и Министерство да реализираме што повеќе капитални инвестиции, рече Реџепи.
Како Министерство, посочи, имавме сериозни инвестиции во инфраструктурата во однос на проекти од фекалната канализација, водоводните мрежи и патната инфраструктура кои биле заедно финансирани и кофинансирани од Министерството преку разни програми.вј/лв/
![Беким Реџепи](/articles/images/%d0%b1%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b5%d1%88%d0%b8-%d1%9c%d0%b5-%d0%b8%d0%bc%d/gkpUwYctw/placeholder.webp?use_watermark=0)