Бектеши: Утврдени лажни фактури во увозот на пелети, надлежните да постапат соодветно
- Според Бектеши, цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, а лажните фактури се кривично дело за кое треба да следуваат санкции, а надлежните институции мора да постапат с
![Бектеши: Утврдени лажни фактури во увозот на пелети, надлежните да постапат соодветно](https://new.mia.mk/index.php/images/20221128063923_big_730x400_98.webp )
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури во делот на увозот на пелети. Затоа, како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши, трговците на мало и на големо со пелети се жалат на цената која е замрзната.
Според Бектеши, цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, а лажните фактури се кривично дело за кое треба да следуваат санкции и надлежните институции мора да постапат соодветно.
-Цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, тоа доаѓа како предлог од „Македонски шуми“ и од страна на цените од Царинската управа. Цената пријавена во Царинската управа е 24 денари за килограм. Ако тие доставиле лажни фактури и направиле договори со производителите во странство. Ги повикувам УЈП и Секторот за надзор во Царинската управа веднаш да постапат и да ги контролираат и да бидат санкционирани. Ако кај нас се доставуваат 24 денари, а тие не можат да продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се пријавуваат во Царинската управа, јас како министер одговорно кажувам дека се лажни и тоа е кривично дело по кое треба да постапуваат надлежните органи, истакна Бектеши по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети. мч/бак/
![](/articles/images/d0b1d0b5d0bad182d0b5d188d0b8-d0b4d0be-13-d0bed182d181d182d0be-d0bfd0be/VsH8lbb7P/placeholder.webp?use_watermark=0)