• недела, 24 ноември 2024

Бектеши: Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите подобри услови за инвестирање за над 200 компании

Бектеши: Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите подобри услови за инвестирање за над 200 компании
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - По предлог на Министерството за економија, Владата на  денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Како што соопштија од Министерството за економија, со овие законски измени се олеснуваат критериумите за аплицирање и за исплата на финансиска поддршка за производствените компании. - Со измените на овој Закон ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година, стои во соопштението. Согласно законските измени, се појаснува, се олеснуваат условите за доделување финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на Ковид, се зголемува опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за финансиска поддршка, се подобруваат условите за инвестиции од дијаспората, а има и дополнителна финансиска поддршка за компании кои се од помалку развиени региони во државата. Целта на измените и дополнувањата на овој закон е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата на Република Северна Македонија и на вработувањата. Законот за финансиска поддршка на инвестициите почна да се применува во 2018 година како дел од Планот за економски раст на Владата. цр/ац/

Остани поврзан