• вторник, 12 ноември 2024

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) - Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени до крајот на февруари дава простор Собранието да може да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој во одговор на новинарско прашање дали смета дека оваа мерка дала конкретни резултати вели најдобро е да се гледаат извештаите од Заводот за статистика, бидејќи како што рече, во истиот период претходната година имавме над 20 проценти инфлација во делот на храната, алкохолните и безалкохолните пијалаци и вкупна инфлација од околу 14,5 проценти.

– Денеска зборуваме за инфлација од 0,91 отсто во делот на храната и пијалаците и вкупна инфлација во нашата држава која веќе е стабилизирана од не повеќе од 3,5 отсто и овој тренд ќе продолжи. Затоа и одлучивме да ја продолжиме мерката до крајот на февруари се со цел да им се даде простор на Собранието да можат да го усвојат новото законско решение за нефер трговски практики. Тука нема да бидам скромен, како Влада и прво од ЕК сме предлагале вакво законско решение што беше пример пред неколку дена – истото го направија и ЕК за сите нивни членови, а ние сме го направиле пред еден месец, рече Бектеши.

На предлог на Министерството за економија, Владата на вчерашната седница одлучи да го продолжи ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

На вчерашната седница беше донесена и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало. ра/нд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан