• сабота, 23 ноември 2024

Бектеши на Министерски состанок на Енергетската заедница во Виена

Бектеши на Министерски состанок на Енергетската заедница во Виена

 

Скопје, 15 декември 2022 (МИА) – Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на 20. Министерски состанок на Енергетска заедница кој се одржува во Виена.

Со состанокот ќе преседава Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина како земја преседавач со Енергетската заедница, а собраќање ќе има и Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика на Европската Унија.

На состанокот ќе се дискутира за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница. Главна точка на разговор помеѓу министерите за енергетика ќе биде енергетската криза и безбедност во снабдувањето со енергенси, соопшти Министерството за економија.са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан