Бектеши ќе учествува на деветтиот „FMCG SUMMIT“
- Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува и ќе се обрати на Деветтиот „FMCG SUMMIT“, кој се одржува во организација на магазинот „InStore“ и „Кликер маркетинг“.
Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува и ќе се обрати на деветтиот „FMCG SUMMIT“, кој се одржува во организација на магазинот „InStore“ и „Кликер маркетинг“.
Како што информираат од Министерството за економија, Бектеши ќе биде дел од панел-дискусијата со релевантни претставници од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка на тема „Кој добива, а кој губи со актуелните мерки? Секторот VS Владата“.фф/хс/
Фото: МИА Архива