• четврток, 26 декември 2024

Бектеши: Компаниите и граѓаните ќе имаат навремена и квалитетна услуга во делот на снабдување со енергенти

Бектеши: Компаниите и граѓаните ќе имаат навремена и квалитетна услуга во делот на снабдување со енергенти
Скопје, 19 октомври 2020 (МИА) - Сè се работи согласно планот за производство на ЕСМ и согласно сите планови кои се направени во Владата. Согласно тоа и граѓаните и стопанството навремено и во континуитет ќе имаат квалитетна услуга во делот на снабдување со енергенти, посебно со електрична и со топлинска енергија, а за неколку дена и со природен гас, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. - Кога сите членови на Владата кажуваат нешто јавно и кога излегува владин став од некој од членовите на Владата, тоа сигурно и ќе се случи како што и досега се случувало. Тоа потврдува дека од 1 декември компаниите од прехранбената индустрија ќе имаат фиксна цена на електричната енергија, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Тој нагласи дека и досега често се правеа лажни вести дека ќе има некакви рестрикции и дека се прави хистерија дека нешто ќе се изгуби. вј/сп/

Остани поврзан