• четврток, 26 декември 2024

Бектеши: Електроенергетскиот систем полесно се менаџира со домашни капацитети без разлика дали се приватни или државни

Бектеши: Електроенергетскиот систем полесно се менаџира со домашни капацитети без разлика дали се приватни или државни

Скопје, 19 септември 2023 (МИА) – Добредојден е секој енергетски капацитет кој е на територијата на државава без разлика дали е приватна или државна инвестиција, бидејќи придонесува за зголемување на домашните капацитети за производство на електрична енергија, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Електроенергетскиот систем не се менаџира потешко кога капацитетите ги имате внатре во државата отколку кога ги немате. Кога ги немате капацитетите сте зависни од други држави и од регулативи, како и од можни забрани што може да се воведат, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. 

Нагласи дека пред десетина години имаше забрана за проток на електрична енергија од страна на Бугарија поради што не можеше да се користи интерконекторот.

-Доколку капацитетот за производство на електрична енергија ни е дома таква забрана не може да постои и никој не може да влијае на независноста на енергетскиот сектор во нашата држава. Во делот на количините како обврска тоа е регулирано со Законот за енергетика и Владата на секоја седница може да донесе одлука со која ќе ги обврзе трговците одредени количини да ги снабдуваат на домашниот пазар, прецизира Бектеши. вј/лв/

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан