• недела, 24 ноември 2024

Бектеши: Ако потпишеме договор со Србија, ќе набавиме гас по цени најмалку три - четири пати пониски од берзанските

Бектеши: Ако потпишеме договор со Србија, ќе набавиме гас по цени најмалку три - четири пати пониски од берзанските
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Ако се потпише договор со Србија, ќе набавиме гас по најмалку три до четири пати пониски цени од берзанските, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Во гостувањето на Топ Тема, Бектеши објасни дека земјава преговара со „Србија гас“, а не со „Газпром“. Договорот за снабдување со природен гас го има српската страна и како тоа технички ќе се спроведе е нивна работа. Работа на нашата држава е да овозможи законски и технички услови, соодветни прописи и регулативи. Според министерот, сега не се зборува за количини и за обезбедување суровини, туку за цена, за тоа колку ќе ги чини граѓаните снабдувањето со природен гас. -Преговорите се водат и се при крај, доставивме понуда, експертските тимови работат за да се изнајде решение - ние да и излеземе на Србија во пресрет за струјата, а тие нам за природниот гас. Ако има договор, во што сум убеден зашто е работено повеќе од еден месец и јас секојдневно комуницирам со нивното Министерство за енергетика, цените ќе бидат многу пониски од цената на берзата, три до четири пати минимум ќе бидат пониски од берзанските. Во замена за тоа, ние Србија по попристојни цени ќе ја снабдуваме со електрична енергија, истакна Бектеши. Тој рече дека не треба да го чита договорот меѓу Србија и „Газпром“ -Преговараме со „Србија гас“, а не со „Газпром“. Не ни треба да го прочитам договорот меѓу Србија и „Газпром“, а и тоа е деловна тајна. Наша обврска како држава е да го обезбедиме и технички и капацитетно барањето на Србија за електрична енергија, а обврска на српската Влада е како да ја снабдува Северна Македонија со природен гас, подвлече министерот. Бектеши рече и дека парно ќе има, нема да биде на мазут, туку на гас и ќе биде евтино. Земјава ќе ја одбере најприфатливата понуда од актуелните четири - пет. мч/дма/    

Остани поврзан