Без Трајковски за дуелите против Летонија и Ерменија, неизвесен и Чурлинов
- Македонската фудбалска репрезентација денеска треба да се комплетира за да ги почне мини подготовките во Скопје за претстојните натпревари на гостински терен против Летонија и Ерменија во рамки на Лигата на нации.
Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација денеска треба да се комплетира за да ги почне мини подготовките во Скопје за претстојните натпревари на гостински терен против Летонија и Ерменија во рамки на Лигата на нации.
Од фудбалерите кои селекторот Благоја Милевски ги повика минатата недела, октомврискиот циклус ќе го пропушти искусниот Александар Трајковски, а неизвесен е и настапот на Дарко Чурлинов.
„Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и нема да биде дел од подготовките на македонската А-репрезентација за натпреварите против Летонија и Ерменија од Лига на нации. Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесно е приклучувањето во репрезентацијата за двата дуели и на Дарко Чурлинов, кој се повреди на синоќешниот натпревар на Јагелонија против Легија од полското првенство“, соопшти денеска ФФМ.
Македонската репрезентација в четврток и гостува на Летонија во Рига, а на 13 октомври ја очекува дуелот против Ерменија во Ереван.
По двете воведни кола во групата Ц4, Македонија води на табелата со четири бодови, пред Ерменија (3), Летонија (3) и Фарски острови (1). ег
ФОТО: ФФМ