• недела, 01 септември 2024

Без струја утре села во Петровец и делови од Волково и Долно Лисиче

Без струја утре села во Петровец и делови од Волково и Долно Лисиче

Скопје, 5 август 2024 (МИА) -  Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре од 6 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на општина Петровец.

Струја ќе немаат корисниците зад ЕУРО Италија (пат кон село Огњанци), селата Бадар, Катлановско Блаце, Тотинци, Огњанци, ТС Еуроланд, ТС Арадико, ТС Фаз, Јасен, ТС Старолија-Катланово, ТС Тунел Катланово и село Кожле.

Како што соопшти РЦУК, според известување од ЕВН Македонија, од 9 до 12 часот утре струја ќе немаат и дел од корисниците кај новата пошта во село Волково во општина Ѓорче Петров, а од 8 до 15 часот и корисниците од ул. 2 во село Долно Лисиче во општина Аеродром. хс/дма/


Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан