• недела, 28 јули 2024

Без струја утре неколку општини во Скопје, дел од општина Центар без вода

Без струја утре неколку општини во Скопје, дел од општина Центар без вода
Скопје, 17 март 2021 (МИА) -  Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат неколку општини во Скопје. Од 08:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Пагаруша во општина Студеничани. Од 09:00 до 12:00 часот,  без струја ќе бидат корисниците од булевар „Кузман Јосифовски Питу“, згради број 26 и 28 и улица „Симеон Кавракиров“ броеви 19 до 27, од општина Аеродром. Корисниците од село Ракотинци, делот од школото кон општина Сопиште (Црвена Прс) ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот. Без електрична енергија од 09:30 до 13:30 часот, ќе бидат дел од корисниците  од улилца „Воин Драшкоци“, улица „Зејнел Ајдини“ и  улицата „Браќа Галеви“ во општина Ѓорче Петров. Прекин на струјата од 09:00 до 14:00 часот, ќе имаат корисниците од  село Глуво, село Бразда, село Горно Оризари и Гранит, во општина Бутел и Чучер Сандево. Од 10:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Гулмово, село Шишево, Матка и фирмите Адријус и Тиамо, во општина Сарај. Без струја од 09:00 до 10:00 часот, ќе бидат корисниците од Резервар Батинци, село Горно и Долно Количани, село Пагаруша, село Вртекица , село Рамни Габер, село Драчевица , село Цветово, Црвена Вода, Дом Китка, село Палиград , Караџица и Мала Река, во општината Студеничани. Без струја ќе бидат и корисниците од село Љубош и село Батинци, Дрисла, пумпа Дрисла депонија Дрисла и фирмата Роло Оков, од општина Студеничани, во период од 11:00 до 13:00 часот. ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје информира дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на крстосницата улица „Антон Панов“ заедно со улица „Елисие Поповски“, во општина Центар  прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Елисие Поповски“ во период од 09:00 часот се до завршување со активностите. ки/дма/    

Остани поврзан