• среда, 13 ноември 2024

Без струја утре жителите на Сарај и Ѓорче Петров

Без струја утре жителите на Сарај и Ѓорче Петров
Скопје, 25 март 2021 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од селото Кондово, општина Сарај.
Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Ново Село, како и училиштето „Тихомир Милошевски“, општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 09:40 до14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Смолјани“, „Јосиф Ковачев“, „Сагудати“, „Ѓорче Петров“ зграда бр.33 и 35, Општина Ѓорче Петров. фф/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан