• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без струја утре делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош

Без струја утре делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош

Скопје, 18 март 2025 (МИА) – Во повеќе делови од Скопје утре ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, според известувањата од ЕВН Македонија АД и ЈП Водовод и Канализација. Без струја утре ќе бидат делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, а вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош.

Од ЕВН Македонија АД соопштуваат дека утре без електрична енергија во периодот од 08:30 до 11:00 часот, ќе останат дел од корисниците на село Рашче на влезот и кај долната Џамија, а во периодот од 11:00 до 15:30 часот, струја ќе нема во село Рашче кај школото и патот за село Копаница (Општина Сарај).

Воедно, во периодот од 08:30 до 11:30 часот, струја ќе нема на улица „Иван Хаџиниколов“, во потегот од бр.11 до бр.33 (Општина Кисела Вода). Од 09:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од Страхојадица, Ново Село, дел од село Зелениково, Смесница, Пакошево (Општина Зелениково).

Според информациите од ЈП Водовод и Канализација, поради дефект на затварач од ф 80мм на улица „Владимир Полежановски“ бр.1 (Општина Центар), во периодот од 08.30 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата.

Поради водоводен дефект од ф 80мм на улица „Дане Крапчев“ бр.21, исто така, во Општина Центар, во периодот од 08:30 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улица „Дебарца“, „Дане Крапчев“ и „Славка Недиќ“.

Вода утре од 09:30 до завршување со работните обврски поради водоводен приклучок на ф 100 мм на улица „Женевска“ бр. 35 ќе немаат и корисниците на дел од улица „Женевска“ и улица „Бањалучка“, (Општина Карпош). ар/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан